МВР ги пријави штетите: Запалено знаме на ЕУ, искршен прозорец на владината зграда
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 11:58
Министерството за внатрешни работи ги објави штетите по вчерашните тензични протести пред Владата по повод францускиот предлог за деблокада на Бугарија на македонските евроинтеграции.
Според МВР, собирот бил ненајавен, а четворица полицајци завршиле како повредени биле однесени на Универзитетската клиника за хируршки болести. Било запалено знамето на ЕУ, а бил скршен и еден прозорец од владината зграда.
„На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Така, околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда. Околу 20.30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. На 05.07.2022 во 01.33 часот, пак, е пријавено дека околу 00.20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, гласи извештајот на полицијата.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




