Добивај вести на Viber
Министерство за внатрешни работи презеде акција за расчистување на криминалот поврзан со фирмата „Машино промет“, која подолго време се наоѓа во стечај, односно за која е отворена претстечајна постапка, информира порталот Телеграф.
Досега се приведени неколку лица. Како што објавува порталот, меѓу осомничените се неколку лица членови на Управниот одбор на „Машино промет“, меѓу кои и претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека подоцна ќе дадат детали за акцијата.