19 Декември, 2025
0.0185

МВР го расчистува криминалот во „Машино промет“ – Уапсен и претседателот на Советот на општина Центар?

Објавено во: 09 Октомври, 2013 15:32

Добивај вести на Viber

Министерство за внатрешни работи презеде акција за расчистување на криминалот поврзан со фирмата „Машино промет“, која подолго време се наоѓа во стечај, односно за која е отворена претстечајна постапка, информира порталот Телеграф. Досега се приведени неколку лица. Како што објавува порталот, меѓу осомничените се неколку лица членови на Управниот одбор на „Машино промет“, меѓу кои и претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Од Министерството за внатрешни работи велат дека подоцна ќе дадат детали за акцијата.