МВР не ја соопшти причината: Ова се информациите за несреќата кај Пинтија
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2019
Без конкретни детали како дошло до кобната несреќа која синоќа во смрт однесе два животи од МВР соопштија дека немилиот настан се случил во 22 часот на булеварот „Борис Трајковски“.
Несреќата, како што се потенцира се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ .
Голфот го управувал 21 годишно момче од скопско Батинци а „Пежото“ го управувал 48 годишниот З.Ѓ. од Скопје.
Се посочува и дека телата на починатите се предадени за обдукција.
Инаку, очевидци раскажуваа дека едниот возач претекувал и возел со неприлагодена брзина