На „Ќафасан“ запленети 70 пакети марихуана
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
На граничниот премин „Ќафасан“ на aлбанско- македонската граница, кај Струга, албанските цариници спречиле шверц на 54 килограми марихуана.
Дрогата е откриена во камион марка „ДАФ“ при излез од Република Албанија, а 41-годишниот возач бил уапсен.
При прегледот, скенерот открил 70 пакети марихуана скриени во приколката.