17 Септември, 2024
0.0233

„НА АМЕРИКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НЕШТО МНОГУ ПОЛОШО ОД РЕЦЕСИЈА“: првиот човек на „ЏП Морган“ посочи кој е „најлошиот исход“

Објавено во: Економија 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Извршниот директор на „JP Morgan Chase“, Џејми Дајмон посочи кој е „најлошиот исход“ за американската економска иднина, освен рецесијата.

„Најлошиот исход е стагфлацијата. И не би ја симнал од агендата“, изјави Џејми Дајмон.

Лидерот на најголемата инвестициска банка во САД со актива од 3,4 милијарди долари, го даде својот коментар на Советот на институционални инвеститори во Њујорк, пренесува Fox News.

Стагфлацијата, акроним за стагнација и инфлација, се однесува на состојба во која економскиот раст забавува додека инфлацијата и невработеноста растат.

Економските последици од стагфлацијата може да доведат до намалување на пензиските фондови, како и до крахови на берзата. Последен пат била видена во САД во 1970-тите, според „Инвестопедија“.

Додека инфлацијата се зголеми помалку од очекуваното на 2,5 отсто во август, изгледите за федералниот долг се мрачни, со зголемен број од над 35,3 трилиони долари.

Каматните плаќања за националниот долг доспеан во октомври сега ги надминуваат трошоците и на Медикер и на националниот буџет за одбрана. Државниот долг може да придонесе за натамошна инфлација на хоризонтот.

Ова е првпат во американската историја плаќањата на каматите за националниот долг да се искачат над еден трилион долари.

„Значи, имајќи го тоа на ум, тешко е да се каже дека позеленивме. Мислам дека тоа не е така“, рече Дајмон.

Додека инфлацијата падна блиску до крајната цел на Федералните резерви (ФЕД) од 2 отсто, извештајот објавен во понеделникот од Банката на федерални резерви на Њујорк покажува дека ставовите на потрошувачите на пазарот се во голема мера измешани.

Американците одговориле дека очекуваат нивните трошоци да се зголемат за пет отсто, но дека приходите на нивните домаќинства ќе се зголемат за само 0,1 отсто во споредба со минатата година.

Дајмон смета дека веројатноста за стагфлација во иднина е околу 35 отсто, што значи дека е поверојатна рецесија, пренесува РТ Балкан.

Можеби ќе ве интересира

ДЕСЕТ ДРЖАВИ ЈА НАДМИНАА ГРЦИЈА: Од Грците во ЕУ се посиромашни само Бугарите

ДЕСЕТ ДРЖАВИ ЈА НАДМИНАА ГРЦИЈА: Од Грците во ЕУ се посиромашни само Бугарите

ВЛАСТА СМИРУВА: Минималецот ќе се зголеми во март идната година

ВЛАСТА СМИРУВА: Минималецот ќе се зголеми во март идната година

КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство

КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство

Македонски Телеком прославува 5 години од апликацијата TelekomMK со недела полна подароци

Македонски Телеком прославува 5 години од апликацијата TelekomMK со недела полна подароци

Мицкоски најави одложување на есенската потрошувачка кошничка: Не сакаме да бидат исфрустрирани трговците и производителите

Мицкоски најави одложување на есенската потрошувачка кошничка: Не сакаме да бидат исфрустрирани трговците и производителите

Од денеска во продажба лековите од проширената позитивна листа

Од денеска во продажба лековите од проширената позитивна листа

Уште еден несмасен гаф на луѓето на Гаши? Зошто претседателот на Собрание службено купува 30 ЛЦД телевизори и 12 инверетер клима уреди?

Уште еден несмасен гаф на луѓето на Гаши? Зошто претседателот на Собрание службено купува 30 ЛЦД телевизори и 12 инверетер клима уреди?

НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Владата бара пари за нови електроенергетски проекти на ЕСМ и МЕПСО

НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Владата бара пари за нови електроенергетски проекти на ЕСМ и МЕПСО

ПЛАТА И ДО 2.000 ЕВРА, АМА НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВУВА - објавени 143 огласи за ова работно место се пријавиле само 13 лица

ПЛАТА И ДО 2.000 ЕВРА, АМА НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВУВА - објавени 143 огласи за ова работно место се пријавиле само 13 лица