Мицкоски најави одложување на есенската потрошувачка кошничка: Не сакаме да бидат исфрустрирани трговците и производителите
Објавено во: Економија 16 Септември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски најави одложување на почетокот на „есенската потрошувачка кошничка“ со замрзнување на цените или намалување на маржите на одредени производи, затоа што се уште се усогласувале ставовите со трговците и производителите.
„Ние сме подготвени за разговор, ние не сакаме на сило ништо да направиме, туку да најдеме заедничко решение.Не е поентата сега ние како влада на сила да ги правиме работите. Знам дека во минатото на сила се правеа работите. Ние имаме намера да разговараме со сите засегнати страни и сите заедно да направиме нешто добро за државата. Јас не мислам Не сакаме трговците и производителите да бидат исфрустрирани поради таквиот однос на владата“, рече Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање пред средбата со германската стопанска комора.
Одлуката за намалување на цените требаше да биде донесена од страна на Министерството за економија до крајот на минатата недела а да биде прифатена на тековната седница на Владата оваа недела, но сега премиерот најавува дека тоа нема да се случи барем до следната седмица.
За Мицкоски конфузен е и Законот за нефер трговски практики, кој треба да започне со примена од 28 септември. Според премиерот, ова законско решение нема да го донесе предвиденото намалување на цените во маркетите до 20 отсто, бидејќи пропишаните релации помеѓу добавувачите и трговците се збунувачки.
- Кога ќе ги видите соопштенијата од коморите, ќе видиме дека ситуацијата е збунувачки. Побарав став утрово од Стопанската комора да ни кажат што да направиме. Дали да останеме на законот или да го одложиме, кажа Мицкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.