30 Септември, 2024
0.0278

На бранител од 2001-та извршител ќе му ја стопира цела пензија, Достоинство бара Владата да реагира за четворица од кои се бара да враќаат надомест

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Првиот човек на партијата Достоинство Стојанче Ангелов денеска најави дека во понеделник до Владата ќе достават реобновена иницијатива за четворица ранети бранители од 2001 година од кои неколку години се бара да го враќаат паричниот надомест. 

Додаде дека поддршка за ова добил од претходниот премиер Зоран Заев, како и од клучните министри од претходната Влада.

„Бараме оваа точка итно да биде ставена на дневен ред на седница на Владата, бидејќи од пред неколку дена еден од оштетените бранители, конкретно Зоран Ангеловски, од страна на извршителот доби писмено известување со кое ќе му биде стопирана целата пензија, а досега му сопираа една третина“, рече Ангелов. 

Вели дека се при крај на изработка на предлог-закон со кој ќе се реши проблемот на овие луѓе, а оштетата што ја земале од државата да им биде призната како справедлив паричен надомест на нематеријална штета. Поради тоа, претседателот на Достоинство побара средба со новиот премиер Димитар Ковачевски, но и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претставници на помалите партии со цел да поразговараат за можноста оваа иницијатива да ја дадат како предлог-закон во Собранието.

Овие луѓе,  во различен временски периоди биле тешко ранети и повредени, покренале тужби протви МВР, односно Министерството за одбрана. Од судовите тогаш им бил доделен справидлив паричен надомест на нематеријална штета.

Се работи за четворица бранители од 2001 година, односно Сашо Величковски, поранешен капетан на македонската Армија, моментално во пензија, Зоран Ангеловски, поранешен полициец, припадник на посилната полициска единица во 2001 година, Димче Манчов од пешадиската единица Шкорпиони и Маријан Ангеловски, ативен полицаец во граничната полиција.

Можеби ќе ве интересира

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

ВЕНКО НА КОНЦЕРТ КАЈ ГЕРАСИМОВСКИ: Лидерот на СДСМ беше на настанот „Нешто што ќе остане“

ВЕНКО НА КОНЦЕРТ КАЈ ГЕРАСИМОВСКИ: Лидерот на СДСМ беше на настанот „Нешто што ќе остане“

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НЕВРЕМЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО ГИ ИСПАНИЧИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ: Еве какво беше вчера на врвот

НЕВРЕМЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО ГИ ИСПАНИЧИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ: Еве какво беше вчера на врвот

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори