На црногорско-албанската граница е најдена дрога во возило со македонски таблички
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2021
На црногорско-албанската граница е најдена дрога во возило со македонски таблички.
Службеници на царинската испостава Сукобин која се наоѓа на границата меѓу Албанија и Црна Гора во координација со Управата за полиција спречиле криумчарење наркотици, соопшти Управата за приходи и царини на Црна Гора, а пренесува државната црногорска телевизија.
„Службениците на царинскиот терминал Сукобин во координација со Управата за полиција при контрола на патничко моторно возило пронајдоа поголема количина растителна супстанција за која постои основано дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички од Република Северна Македонија кое се движело во насока од Албанија кон Црна Гора, а супстанцијата спакувана во повеќе различни пакувања е пронајдена скриена во бункер на возилото наметенето за криумчарење“, се наведува во соопштението.
Во согласност со протоколите за билатерална соработка, како што се наведува, понатамошната постапка за утврдување на составот на материјата и потеклото на истата како и процесуирање на предметот ќе го спроведат надлежните органи на Република Албанија.