29 Септември, 2024
0.0456

НА ДЕСЕТ ДЕЧИЊА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ИМ ТРЕБА ХРАНА, ОБЛЕКА, ПРИБОР - направете им со љубов новогодишни пакетчиња

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев е во хумана мисија. Тој сподели објава преку фејсбук на хуманитарната организација Свети Спас. 
„Недалеку од Скопје се наоѓа еден интернат во Љубанци, во кој се сместени 10 дечиња од прво до деветто одделение, сите се деца од социјално загрозени семејства и седат таму од понеделник до петок.

„Годинава за овие деца одлучивме да организираме посебна акција која нема да биде само новогодишни пакетчиња за што ни е потребна Вашата помош, поддршка и донации. Ќе објавиме список на децата со нивната возраст. Имињата на децата се произволни за да може полесно да се определите за кое дете сакате да донирате.

Им фали буквално се: храна, облека, играчки, школски прибор... Вие избирате дете за кое сакате да донирате и спремате подарок за тоа дете, дали тоа е облека, играчка, изненадување, го пакувате и обележувате. Како што подаруваме на нашите сакани така да подариме и на овие деца со љубов и внимание. Согласно годините облеката нека биде број поголема, сепак и да е мала таму сигурно си ја менуваат облеката по возраст, како ние што правиме за децата (помалото носи од поголемото), ќе кажат ако некој остане без подарок заради згрешено бројче, со следна пратка ќе им се дополни.

Доколку донирате храна и школски прибор таа би била за интернатот и истата нема потреба да ја пакувате како подарок, но подароците за децата потрудете се да бидат спакувани и спремни со љубов и внимание.

Облеката може да биде различна џемперче, пижами, фармерки, чорапи, шал, капа, ракавици... Облеката може да биде и користена, но под услов класирана за детето за кое ја донирате и сакате да го израдувате, обележана и спакувана како за подарок завиткана или пак во украсно кесе“, се вели во објавата на фејсбук. .

Броеви за обувки:

2×33 машки

2×34 машки

1×35 машко

1×38 машко

1×39 машко

1×40 машко

1×32 женско

1×34 женско

Доколку имате и играчки и истите се сочувани исто можете да ни ги донесете.

Вашите донации може да ги доставите секој ден од 09-17 часот во ХО Свети Спас во Драчево или пак да направите онлине нарачка на храна и достава или испратите по карго на ХО Свети Спас

Ул "Китка" Драчево Скопје

Контакт број потребен да го оставите за карго и онлине нарачките 078 383 743

Зимски јакни за сите деца ќе бидат донирани од Општина Бутел.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна