19 Декември, 2025
0.0401

НА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ „ПАЃААТ“ ПО ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР И ЕДНО НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ: се намали бројот на осигуреници во земјава

Објавено во: Економија 12 Мај, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Изминатата година во нашата земја со задолжителното здравствено осигурување биле опфатени 1.839.537 лица, а според податоците на Фондот за здравствено осигурување има намалување кај вкупниот број на осигуреници.

Нивните бројки откриваат дека има намалување на вработените лица за 3.500 граѓани за . Но, од друга страна во текот на истата година е забележан раст кај осигурените пензионери.

- Вкупниот број осигуреници во 2024 година во однос на 2023 година е намален за 17.201 лице. По категории, бројот на вработените во 2024 година изнесува 557 илјади осигуреници и во однос на 2023 година бележи намалување за 3.548 лица.

Категоријата пензионери е зголемена за 3.812 лица и на крајот од 2024 година изнесува 353,5 илјади осигуреници – се посочува во годишниот извештај Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Меѓу другото во него е посочено дека во 2024 година бројот на лицата осигурени преку програмата на Министерството за здравство, односно оние што не се осигурени по ниту еден друг основ, изнесува 254,7 илјади осигуреници и во однос на претходната година е зголемен за 4.208 лица или 1,7 проценти.

Во категоријата останати каде што се наоѓаат доброволно осигурените лица, осигурените по конвенција, борците од НОБ, верските службени лица, примателите на социјална помош и странците на школување во РСМ се забележува намалување од 795 осигуреници или 5,2 отсто.

- Намалување од 321 лице во однос на 2023 година постои кај категоријата привремено невработено лице додека прима паричен надоместок. Категоријата активни земјоделци во однос на претходната година бележи намалување од 468 лица. Бројот на членови на семејства во изминатите години бележи постојан тренд на намалување. Во 2024 година бројот на членови изнесува 637,7 илјади осигуреници и во однос на претходната година е намален за 20.089 лица или 3,1 отсто – се појаснува во извештајот на Фондот.

Тие откриваат дека во структурата на осигуреници, 65 отсто се лицата кои се носители на осигурување или кои од своите приходи издвојуваат средства за придонес за здравствено осигурување или за нив некоја институција односно организација го уплатува придонесот за здравствено осигурување.

- Останатите 35 проценти се лица кои, согласно Законот за здравствено осигурување, се здравствено осигурени како членови на семејство, односно тоа се сопруг / сопруга, деца до 18 години или до завршување на образование најдоцна до 26 години. Согласно поставеноста на македонскиот систем, овие лица не плаќаат придонес, но имаат право на здравствено осигурување преку својот член на семејството кој е носител на здравственото осигурување – се посочува во извештајот.

Во структурата на носителите на осигурување, најголем дел се вработените лица околу 47 отсто, потоа пензионерите со 29 проценти, невработените и лицата осигурени преку Министерството за здравство со 22 отсто и земјоделците и останатите со по 1 процент.

-  Тоа значи дека на две активно вработени лица, во просек доаѓа едно лице во пензија и едно невработено лице односно лице за кое осигурување плаќа Министерството за здравство – стои во извештајот.

Во однос на распространетоста на осигурените лица по региони, најголем број од осигурениците се наоѓаат во Скопскиот регион и нивното учество во вкупниот број осигуреници изнесува 34 отсто, додека најмал број осигуреници има во Вардарскиот регион, односно 7 проценти од вкупниот број осигуреници.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите