02 Декември, 2024
0.0260

НА ГРАНИЦИТЕ Е ОПШТ ХАОС, БУКВАЛНО - Луѓето заглавени чекаат дури и по 6 часа

Објавено во: Балкан 19 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Патничките возила како и автобустите кои превезуваат патници од земјите од Балканот кон дел од европските центри за влез во Европската унија чекаат со часови. 

Како што пренесуваат медуимите до соседството за излез од Србија преку граничниот премин Батровци се чека шест часа, а на Хоргош пет часа, соопшти Автомото сојузот на Србија (АМСС).

Според информациите од Управата на граничната полиција од 17 часот и 15 минути, автомобилите на Бачки Брег, Шид и Бездан на излез од Србија чекаат по три часа, а на Хоргош 2, Келебија и Бајмок по два часа.

На влезот во земјава автомобилите чекаат кај Јабуца еден час, Градина 40 и Шпиљани 30 минути. Камиони и автобуси кај Келебија на излез од Србија чекаат по еден час. И кај Батровци чекањето на товарните возила на излез од државата е еден час. Според последните информации добиени од ЈП „Патишта Србија“, на наплатните станици нема задржувања на возила.

Од друга страна не е подобро ниту на граничните премини кон Хрватска, каде вчера патниците биле зглавени цели седум часа за влез во земјата. 

Како што јавуваат патници кои патуваат од Македонија, кон некои од европските градови, гужвите на граничниот премин биле огромни, што предизвикало застој и чекање од дури седум часа за влез во Хрватска. 

Последните информации од Автомото сојузот на Македонија АМСМ од утрово говорат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања - соопштуваат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација. 

Фото: Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

СРБИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Укинат популарниот мораториум од 1989 година

СРБИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Укинат популарниот мораториум од 1989 година

(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура

(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

СНЕГ ЈА ЗАВЕА СРБИЈА: Вклучени се метео алармите

СНЕГ ЈА ЗАВЕА СРБИЈА: Вклучени се метео алармите

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома