На грчкиот остров Хиос евакуирани 15 населби
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2025 09:33
На грчкиот остров Хиос во Егејското Море, инаку петти по големина во земјата, пожар беснее на три фронта веќе 48 часа, додека грчките власти испратија пораки до граѓаните да ги евакуираат подрачјата Реста и Аја Параскева во Кариос во два наврати од утрово во 6:00 часот по локално време.
Денес, со првата дневна светлина, противпожарните авиони повторно беа активирасни, а дополнителни противпожарни сили беа донесени на островот со бродови од пристаништето Пиреја, објавува порталот Катимерини.
Пожарот избувна вчера во раните попладневни часови, исто така во областа Кофинас, под манастирот Панагија Вотеа, но набрзо се прошири во три различни правци.
„Пожарот формира кордон околу градот, а налетите на ветерот на некои места достигнуваат 8 бофорти, што ја отежнува интервенцијата, додека во некои населби имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија“, пренесува Грција Инфо.
Досега, 190 пожарникари, 38 возила и четири авиони се вклучени во операцијата за гаснење пожар, но се очекуваат дополнителни засилувања.
Од неделата се евакуирани уште околу 15 населби.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





