На Ким денеска му е роденден - но прослава нема
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2018
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска полни 34 години, но прослава нема, а граѓаните не ни знаат за овој датум.
Не се знае зошто нема прослава за неговиот роденден, но се смета дека лошата перцепција во јавноста за лидерот е причината.
Популарноста на Ким е на ниско ниво. По воведени санкции за земјата многу работници се плашат дека ќе останат без работа.