13 Декември, 2025
0.0605

НА КОПАОНИК КАКО СЕ ДА Е ПОЗЛАТЕНО! Детален ценовник за храна и пијалоци

Објавено во: Балкан 27 Декември, 2024 09:22

Добивај вести на Viber

Во екот на зимската и скисезона, која се очекува да биде навистина исполнета ова зимо, со оглед на фактот, што на Балканот има солидни количини снег, дел од медиумите во соседството направија обиколка на угостителските објекти на еден од најпосетуваните зимски центри во соседна Србија. 

Како што тоа го правеше во изминативе 13 години, тимот на новинари од веб порталот infoKOP.net посети поголем дел од скијачките кафулиња и скијачките бифе (вкупно 24 места) лоцирани на падините на Копаоник, каде ги проверија цените на храна и пијалоци и ги спореди со минатогодишните и претходните сезони.

По тој повод направија споредба на 26 ставки кои ја претставуваат „Копаоничка инфоКОП потрошувачка кошничка“ и еве до кои заклучоци дојдоа.

- Доколку оваа година би ги купиле сите артикли од нашата потрошувачка кошничка по најниски цени, ќе треба да потрошите 11.770 динари (6.000 денари) или 21.889 (11.000 денари) по најскапи цени. Значи, процентуално, 85,97 отсто е варирањето во цената меѓу најевтината и најскапата кошница. Ако се споредат цените со ланските, најевтината потрошувачка кошничка била 11.130, а најскапата 21.240 динари. Процентуалната разлика тогаш беше 90,84 отсто. Ако ги погледнеме цените од пред две години, најевтината потрошувачка кошничка била 9.945, а најскапата 20.660 динари. Пред три години најевтината потрошувачка кошничка беше 6.890, а најскапата 16.900. Процентуалната разлика тогаш била 145,28 отсто - наведуваат на овој портал.

Но, она што сите ги интересира е токму колкави се разликите во цените во однос на минатата година. ИнфоКОП го наведува заклучокот дека,

Споредувајќи ги минатогодишните најевтините со овогодинешните, реалниот раст на цените изнесува 5,75 отсто, додека најскапите скокнале за само 3,06.

- Ако се гледа двегодишниот тренд, најевтините цени реално пораснале за 18,35 отсто, додека најскапите скокнале за 5,95. Во тригодишниот период најевтините цени реално поскапеле за 70,83 отсто, а најскапите скокнале за 29,52 - велат авторите на инфоКОП.

Во оваа анализа ги истакнаа цените за 26 артикли кои ги вклучија во „Копаоничка инфоКОП потрошувачка кошничка“:

Алкохолни и силни пијалоци

Ракија - 330-550 динари (170 - 270 денари)

Варена ракија - 300-520 динари (150-260 денари)

Пелинковац - 300-540 динари (150-270 денари)

Домашни пива од 0,33 - 320-550 динари (160-275 денари)

Варено вино - 330-700 динари (160-350 денари)

Вотка - 350-750 динари (170-375 денари)

Виски Ballantines - 390-999 динари (200 - 500 денари)

Виљамовка од 0,03 - 370-650 динари (160-325 денари)


Во продолжение и останатите понуди, цените се во српски динари, кои грубо се дуло од македонскиот денар. 

Газирани, негазирани и енергетски пијалоци

Газирани сокови - 300-460 динари

Ред Бул - 450-790 динари

Кафе, чаеви и чоколадни пијалоци

Редовно кафе - 180-330 динари

Кафе еспресо - 230-360 динари

Нес кафе - 290-470 динари

Чај - 240-490 динари

Минерална вода - 200-395 динари

Топло чоколадо - 300-530 динари

кафе-1.jpg

Фото: Shutterstock, Илустрација

Храна

Палачинки (мали/големи) - 380-870 динари

крофна - 200-590 динари

Бургер - 580-1850 динари

Ќеевапи 10 парчиња - 1.150-1.750 динари

Гибаница - 230-850 динари

Пунџа со крем - 300-700 динари

Топол сендвич - 350-1.150 динари

Свинско/јагнешко 1кг - 3.000-4.000/3.500-5.000 динари

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС