05 Мај, 2024
0.0243

На меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен во Франција ќе бидат прикажани македонски филмови

Објавено во: Стил 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

На 19-тиот меѓународен филмски фестивал Нанси-Лорен, годинава ќе бидат прикажани два филма на македонски режисери - „Мајки“ на Милчо Манчевски и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, како и копродукцијата „Парада“.

Сите тие се наоѓаат во главната селекција на фестивалот.

Филмот „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, ќе биде прикажан во главната селекција под отворено небо, додека филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан вон кокуренција при соопштувањето на лауреатите на селекцијата на документарни филмови.

Ова е втор филм на Манчевски кој се прикажува на фестивалот во Нанси, по прикажувањето на „Пред дождот“ пред две години.

Според сознанијата на фестивалот за двата македонски филма „Мајки“ и „Панкот не е мртов“, ова е нивно прво официјално прикажување во Франција, за што организаторите се погрижија да го направат и преводот на филмовите на француски јазик.

На фестивалот ќе биде прикажана и копрудукцијата  „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ, каде што глуми македонскиот актер Тони Михајловски. Интересно е што тој е единствениот актер кој се појавува во два филма кои ќе бидат прикажани на фестивалот – „Панкот не мртов“ и „Парада“.

Покрај прикажувањето на овие два долгометражни филма, видеоспотот на фестивалот од Нанси е илустрирана со филмска музика на Кирил Џајкоски.

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, ќе се одржи од 30 август до 7 септември. Ова е прво издание на фестивалот под ова име, но вкупно 19-то издание од неговото основање во 1995 година, познат под името „Ај Ај Филм Фестивал“.