На Миконос уапсени тројца македонски државјани за шверцер на дрога
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2022 15:15
Тројца државјани на Северна Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата се уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.
Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога.
Дополнително е уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога.
Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата.
За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да и скријат трагите.
Пракса на грчката полиција е во соопштенијата да не објавуваат лични податоци за уапсените, односно иницијали и националност, туку соопштуваат само дали се грчки или странски државјани, меѓутоа според потврдени информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за тројца државјани на Северна Македонија.
Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ објави дека уапсената девојка е ќерка на политичар од Северна Македонија, меѓутоа не постои потврда на оваа информација.
Сепак, според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за 21-годишна девојка со голем број следачи на Инстаграм, со кои споделувала фотографии од Миконос.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




