НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“
Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 18:22
Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.
На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со пораки испишани на транспаренти, тие порачаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.
- Сите загинати и повредени ги чувствуваме како наши деца. Со длабока болка тагуваме поради несреќата што се случи и им даваме поддршка на нивните родители и блиски да имаат сила да го издржат сето ова. Очекуваме целосно разоткривање на причините и виновниците кои ја предизвикаа оваа страшна трагедија и градот го завија во црно. Истовремено, се молиме повредените дечиња што побрзо да закрепнат и да се вратат дома, истакна Марин Стојанов, учесник на собирот.

Граѓаните повторно им дадоа поддршка и на лицата од обезбедувањето во дискотеката, кои ги извлекувале и спасувале младите, а наместо да се лекуваат од повредите, тие се осомничени и се наоѓаат во притвор.
Собирот заврши со мирен марш по улиците во централното градско подрачје на Кочани, а граѓаните порачаа дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови
МИАМожеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




