19 Декември, 2025
0.0544

НА ОГЛАСИ СЕ ПРОДАВА СТАР МЕБЕЛ: Луѓето прашуваат за цена, но дали купуваат?

Објавено во: Економија 31 Јули, 2025 07:39

Добивај вести на Viber

Постојано во групите на социјалните мрежи има огласи за продажба на стар мебел и луѓето веднаш прашуваат која е цената. Се продаваат маси, кујни, комоди, врати, кревети, регали, столици, апарати за домаќинство, теписи и друго. Има регали за 7.000 денари, два кревета за 6.000 денари, работни маси за 1.500 денари или 900 денари, маси за 6.000 денари, гарнитури за 300 евра и слично. Но, луѓето кои објавиле вакви огласи, велат дека иако на социјалните мрежи навидум има интерес, продажбата не оди така лесно.

„Мислам дека луѓето си наоѓаат причина да си прават муабет по групите. Не успеавме ни да го продадеме, ни да го подариме регалот. Не дојдоа ни да го земат. Никој не се појави иако ветуваа денес, утре и ништо не бидна“, вели скопјанка.

Ако нешто не се продаде за извесно време, сопствениците тој мебел потоа го подаруваат.

„Јас огласив пред извесно време повеќе работи, врати, стар мебел и да, се јавуваат, да купија, дел од мебелот, односно дојде човек и вратите ги зема, ама за другите парчиња немаше интерес и ги донирав. На крајот ги дадов за без пари, колку да ги изнесам од станот. Не оди тоа така лесно, треба време, а ние немавме многу време да чекаме и друга работа е што сите не може да се продадат, за нешто има побарувачка, за нешто не“, додава друга скопјанка.

Граѓаните велат дека економската немоќ е таа што ги тера граѓаните да купат стар мебел, кој често чини двојно поевтино од новиот.

Луѓето кои ги анкетиравме велат дека не купиле стар мебел досега, но ако нешто им се допадне, ако е добро сочувано и цената е прифатлива, би го земале.

„Ако е сочувано, би го земала, зошто да не? Сиромаштијата ги тера луѓето да купат стар мебел, како би купиле нов со овие пензии, па и со овие плати? Ние имаме викендица, она што ни е вишок од стариот мебел го носиме таму. Познавам луѓе што продадоа куќи и мебелот го продаваа“, вели Славица Ивановска, граѓанка.

Во огласите за дел од мебелот пишува и колку години е користен.

„Мислам дека два фактори се важни, ем мебелот им се допаѓа, ем луѓето немаат пари“, додаде Светланка Јанчева, граѓанка.

Луѓе од различни градови објавуваат огласи за продажба на стар мебел.

„Секој сака да си купи ново, но оние кои имаат стар мебел, го продаваат и со тие пари можат да си купат нешто друго“, рече Словенка Пешиќ, граѓанка.

Во некои од огласите нема фиксна сума, туку се нуди опција за цена по договор.

„Немам купено досега стар мебел. Ако нешто ми се допадне, би го земала. Сиромаштија е во прашање, секој би сакал да купи ново“, кажа Силвана Петровска, граѓанка.

Ако ги споредиме податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во март годинава во однос на февруари лани, цените на мебелот и покуќнината се намалиле за 0.6 отсто. Во Македонија од година во година има мали промени, но над 20 отсто од населението живее во сиромаштија, што значи дека дел од граѓаните не можат да си дозволат многу работи, па и замена на мебел и покуќнина.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии