На овој хороскопски знак конечно се ќе му оди од рака
Објавено во: Општо 01 Март, 2017
Припадниците на овој хороскопски знак ја сакаат чистотата, манирите, општествените правила и се многу префинети и елегантни во тоа. Тие се праведни и секогаш се борат за вистината, живеејќи бунтовен, но истовремено и нежен живот. Меѓутоа, во изминативе периоди работите не им оделе баш од рака. Важно е да знаат дека тоа нема да трае, бидејќи астролозите предвидуваат многу интересни настани кои им следуваат на луѓето кои припаѓаат на еден од најинтелигентните знаци во хороскопот – Вагата.
Според астролошките прогнози, Вагите ќе имаат шанса да ги решат и да се ослободат од сите пречки и неприлки со кои се соочиле во изминатиот период, особено поради влијанието на планетата Јупитер која ќе остане во знакот на Вагата цели 13 месеци.
Независно на кој знак припаѓаат, луѓето во секоја нова година влегуваат како новороденчиња. Но, сепак збогатени со претходни искуства, соништа, желби, меѓучовечки односи и разни други подвизи. Во претходните неколку месеци, Вагите се соочувале со попроблематични ситуации и морале да ги научат своите лекции на потешкиот начин. Но, благодарение на тој потежок начин тие созреале и станале способни да ги разберат и сортираат сопствените емоции кои ги доживеале во непријатните моменти.
Тие дошле до големи откритија за себе и сфатиле дека во нивниот живот не им се потребни луѓето кои постојано ја црпат нивната енергија. Лекциите ги учеле долго време и постепено се оформувале во личноста која треба да бидат. Сега имаат подобри очекувања од себе и од другите и способни се да сфатат дека се во можност да ги пребродат сите животни предизвици и да научат да бидат поснаодливи од кога било претходно. Смарагдната година конечно започнува во средината на 2016-тата година и носи многу среќа за Вагите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.