05 Декември, 2025
0.0302

На плажите во Мајорка го забранија алкохолот

Објавено во: Стил 25 Јули, 2013 16:30

Добивај вести на Viber

Шпанскиот остров и летувалиште Мајорка, во Германија често го викаат „седумнаесетта сојузна покраина“ бидејќи река луѓе од Германија секоја година одат таму на летување.

Но, шпанско летувалиште Палма Де Мајорка ќе се обиде да ја промени досегашна репутација на „рај на алкохолот“ за британските и германските туристи и да привлече повеќе туристи, на кои либералните закони за конзумирање алкохол не им се единствена причина за посета на ова место.

Целосното слободно конзумирање на алкохол на јавните места наскоро ќе стане минато, судејќи според најавите на градоначалникот на Палма Де Мајорка, главниот град на Балеарските Острови.

Градоначалникот Алваро Гијон најави промена на прописот, со што според него треба да се поттикне привлекувањето на богати туристи, кои во градот доаѓаат поради неговата убавина и одмор, а не заради евтиниот и насекаде достапен алкохол.

„Алкохолниот туризам ги одброја своите последни денови на јавните места. Кога луѓето ќе сакаат да се напијат, тоа ќе треба да го прават во клубовите и дискотеките, а не на плажите“, рече Гијон.

Тој додаде дека властите планираат главната плажа Плаја Де Палма да ја претворат во место со богата гастрономска понуда и големи можности за занимавање со спорт и рекреација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: