19 Декември, 2025
0.2150

НА РАБОТ НА ПРОВАЛИЈА: Шпанскиот државен долг највисок во последните 100 години

Објавено во: Економија 22 Август, 2016 11:16

Добивај вести на Viber

Шпанскиот државен долг достигна 1.24 билиони долари во јуни, што е највисоко ниво од 1909 година, соопшти Банката на Шпанија.

Долгот продолжува да ескалира уште од 2008 година, кога изнесувал 39.4 отсто од БДП. Тој пораснал за 4.7 отсто во јуни, во споредба со минатата година кога изнесувал 1.057 билиони евра.

Тој изнесува 100.9 отсто од БДП на земјата, и е далеку од проектираниот за оваа година. Мадрид тежи до крајот на годината да го намали долгот на 99.1 отсто од БДП, за разлика од претходната година кога тој бил на ниво од 99 отсто.

Министерството за економија тврди дека тие остануваат на патот да ги достигнат пропишаните критериуми до крајот на годината, не потпирајќи се на моменталните податоци.

„Постојат големи сезонски осцилации кои е потребно да се земат во конечната пресметка-рекол министерот, додавајќи дека растот на јавниот долг забавува од 2013 година.

И покрај парламентарниот застој и континуиран притисок од страна на Европската комисија, шпанската економија расте по една од најбрзите стапки на раст во еврозоната, со предвидување дека растот до крајот на оваа година ќе биде помеѓу 2.7 и 2.9 отсто.

Премиерот Маријано Рахој се потпира на актуелниот циклус на раст и се надева дека тој ќе и помогне на Шпанија да го достигне зацртаното ниво на намалување на дефицитот оваа година.

Претходно овој месец, Шпанија ги избегна европските санкции поради невозможноста да го достигне пропишаното ниво на буџетски дефицит.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба