17 Мај, 2024
0.0289

На што најмногу се жалеа потрошувачите од Македонија во 2018-та: Mикро-декларации, доцнење на мебелот, брзи кредити...

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните кога станува збор за банкарските услуги во 2018-та најмногу се пожалиле на неможноста да се најде начин како да се реши проблем со пресметка на некоја камата и каде да се пожалат во врска со тоа, како и со затворањето и отворањето на сметките или надминување на проблемите со кредитите, објави Организацијата на потрошувачите на Македонија во извештајот за поплаки од минатата година.

Во 2018-та голем број поплаки и барања за совет од организацијата пристигнале за брзите кредити кои ги нудат финансиските друштва со огромна каматна стапка па по многубројни реакции Министерството за финансии се заложи да ги ограничи каматите на максимум 50 проценти од основицата на кредитот со износ до 200 евра. Од организацијата веруваат дека во 2019-та ќе биде надминат овој проблем, бидејќи повеќе нема да биде злоупотребувана правната празнина, имајќи го предвид фактот што кредитите до 200 евра не беа опфатени со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, но не беше ограничена ниту каматната стапка. 

Изминатата година во канцелариите на Организацијата на потрошувачи во пет градови пристигнале 2886 поплаки и барања за совети. Од нив, 2142 биле телефонски јавувања, 495 граѓани дошле лично, 228 советувања биле побарани по електронска пошта а 21 преку писмени пратки..

Казни за повторно вклучување по исклучување

Во однос на доставените сметки за јавни и комунални услуги, граѓаните кај мобилните оператори најмногу имале поплаки за надоместокот кој се наплаќа при повторно вклучување во мрежата ако потрошувачот бил исклучен поради неплаќање на сметката, кај мрежното покривање и кај менувањето на тарифата, 

Кај наплатата на струја и парно-греење, помош најмногу е побарана при мислењето на потрошувачите дека трошоците им се наплатуваат паушално. Исто така биле незадоволни и од наплатата на заостанатите долгови. Во одредени реони од земјата  пријавени се чести прекини во испораката.

Кај водоснабдувањето најмногу јавувања има за (не)исправноста на мерниот апарат (водомер) и неможноста да најдат заеднички јазик за плаќање на заостанат долг.

- Оваа година забележуваме и зголемување на поплаките во однос на управувањето со смет - се вели во извештајот.

На доставувачите им се брза со потписи за исправност на техниката

Кај техничките проиводи најмногу недостатоци се пријавени за бзото јавување на неисправност по нивното купување во рок од шест изминати месеци. Трговците инсистираат на негово сервисирање во рамки на гаранцијата дури ако треба и повеќекратно, но не прифаќале замена со исправен производ или враќање на средствата.

Се повеќе се случува потрошувачите да пријават дека им е доставен механички оштетен производ од белата техника, или телевизор а при тоа да потпишат дека го примиле како исправен затоа што на доставувачот му се брзало.

- При доставата на производот додека тој се уште е спакуван во оригиналната фолија односно кутија, тие потпишуваат дека го примиле производот не знаејќи дека е оштетен, но меѓу другото со тој потпис потврдуваат дека производот е добиен во исправна состојба, без оштетувања. Ова се случува поради неповолната положба во која е ставен потрошувачот при испораката на одредени производи кога доставувачот, во момент на брзање го доведува потрошувачот во положба да не проверува дали навистина производот е исправен и неоштетен, па потпишува верувајќи му на трговецот односно на доставувачот - велат од организацијата.

Помалку поплаки за туристичките агенции

Голем број на поплаки во изминатиот период пристигнале за неквалитетна изработка на разни видови мебел, како и непочитување на рокот за нивна достава од 30 дена.

Обувките и облеката не можеле да бидат вратени наад кај трговците затоа што биле отпакувани и малку извиткани иако биле иработени од неквалитетен материјал и веднаш се оштетиле.

Кај храната најголем број од претставките се  однесуваа на декларацијата на производите, за која потрошувачите велеа дека е со премногу мали букви, дека воопшто ја нема, дека не е на македонски јазик и кирилско писмо.

Бројот на поплаки за куќните совети и за работењето на управителите на зградите е во пораст за високи сметки за одржување и домување, како и неисполнети обврски од договорот.

Во однос на сериозноста на проблемите на туристите со агенциите ОПМ смета дека ситуацијата е подобрена и дека недоследностите во исполнувањето на договорите од туристичките оператори е помало во однос на минатата година.

Александар Кузмановски




Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија