18 Мај, 2024
0.0406

На што се последица брчките и свиснатата кожа?

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Ако после ручек сте изеле колач, може ќе се загрижите дека ќе се здебелите, но најнова теорија покажува дека треба повеќе да бидете загрижени за кожата на лицето.

Патриција Фарис познат американски дерматолог во својата најнова книга појаснува дека не многу познати последица од  преголем внес на шеќер се брчките и свисната кожа.

Високо ниво на шеќер во крвта ја напаѓа кожата. Цел тој шеќер се спојува со молекулите на протеините, еластинот и колагенот. Затоа меките и убавите станици на кожата стануваат крути со што настануваат брчки и губење на еластичноста, се што не сакаме на нашето лице.

Во книгата се потикнува одвикнување од шеќерите  и јагленохидратите воопшто која почнува со три напорни дена на детоксикација. Истражувањето покажуваат дека одвикнувањето од шеќери е еднакво тешко како одвикнивање од дроги. Луѓетo остануваат депресивни, се тресат и се напорни.

За оние кои не се спремни да се одречат веднаш од шеќерот, се препорачува закуски со овошје и малку протеини, со што ќе се оневозможи нагла промена на шеќерот во крвта. На овој начин ќе одржите стабилно ниво на шеќерот во крвта,  а колку е постабилно нивото толку на луѓето им е полесно да се придржуваат до здрави навики.