20 Април, 2024
0.0269

На „Синцеритас“ му тргна на берзата, производителот на медицински канабис издаде втора емисија на акции

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Синцеритас АД Скопје, компанијата која произведува и тргува со медицински канабис во Македонија, ја издаде својата втора емисија на акции на берзата. Цената е едно евро за акција. Комисијата за хартии од вредност на вчерашната седница му даде дозвола да ја издаде втората емисија на акции за познати купувачи.

„Со втората емисија на акции, Синцеритас АД Скопје ќе издаде 190.500 обични акции со номинална вредност од 1 евро и продажна вредност од 11 евра по акција, односно номиналната вредност на сите новоиздадени акции изнесува 190.500 евра, додека вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 2.095.500 евра.

Новоиздадените хартии од вредност ќе бидат запишани и уплатени од страна на 6 познати купувачи –странски физички и правни лица. Синцеритас АД Скопје издава нови акции заради прибирање на парични средства и создавање услови за непречено функционирање на Друштвото“, објави КХВ.

Претходно Синцеритас АД Скопје првата емисија ја издаде пред два месеци и тоа влезе во нашата корпоративна историја како прва компанија производител на медицински канабис чија акција се тргувала на нашата берза. И тогаш цената беше едно евро за акција. Во една блок трансакција беа истргувани 190.400 акции.

Оваа компанија е на листата на берзанскиот Слободен пазар и за неа има многу помалку информации во споредба со друштвата чии акции се листани на Официјалниот пазар на берзата. Според достапни податци од интернет страницата на ова акционерско друштво извршен директор е лицето Роберт Новески, кој воедно е потпишан и како основач на компанијата. Македонската компанија има, веројатно, капитална поврзаност со германското друштво Синцеритас ГмбХ.

„Sinceritas“ е компанија која на основа на земјоделски и фармацевтски техники произведува висококвалитетни медицински производи од канабис. Таргет се пациенти со ретки и тешко лекувачки состојби, а во друштвото се инвестира и во научно-истражувачка работа.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите