17 Мај, 2024
0.0327

На сиромашните земји им се заканува глад откако храната поскапе за 30 отсто

Објавено во: Економија 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Цените на храната во светот пораснаа за 30 отсто во однос на лани. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека тоа ќе ја влоши прехранбената, енергетската и економската криза во сиромашните држави. 

Скокнаа цените на житарките, нафтата, горивото и ѓубривата. Гутереш ја повика Русија да дозволи „извоз на житарки складирани во украинските пристаништа“.

Шефот на програмата за храна при ОН Дејвид Бизли, апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори украинските пристаништа. 

„Не се работи само за Украина, туку и за најсиромашните, кои се на работ на гладување“, предупреди Бизли.

Се проценува дека во моментов во Украина има 22 милиони тони житни култури во силоси. Поради војната во Украина, на милиони луѓе им се заканува глад. Претходно Украина ги обвини Русите дека краделе жито на нивна територија. И лани беше забележан пораст на цените на храната во светски рамки, пред да избие војната, но тоа беше поради пандемијата и климатските промени. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија