На скијање во Дубаи!
Објавено во: Стил 21 Декември, 2012 11:07
Комплексот вклучува„ планина“ висока 85 метри со пет различни терени од почетници до напраедни скијачи. Главната ски патека е долга 400 метри.
Ова е третата најголема затворена ски патека но светот, а за неа се користат 6 000 тони вештачки снег.
За приказната да биде целосна, скијачката патека е опремена со ски лифтови, еден за седење, другиот за влечење на скијачите.
Исклучително ефикасната изолација помага внатре во комплексот да се одржува температура од -1 степени во текот на денот и -6 степени ноќе кога се произведува вештачкиот снег за патеката.
Од Дубаи подготвуваат уште и грандиозен ски комплекс наречен „Sunny Mountain Ski Dome“, чија изградба ќе чини 18 милијарди долари. Тој ќе располага со ротирачка ски патека на вештачка планина во која ќе врне снег и ќе има бели мечки.
Изградбата започна во февруари 2006 година, но засега се уште нема прогласен датум за отворање на објектот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





