На следната владина седница ќе има разрешување на директори?
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019
На седната редовна владина седница, која секогаш се одржува во вторник, можно е да паднат првите разрешувања на директори, пренесува „Независен“, иако тоа ќе зависи од многу фактори и предуслови.
Сепак се очекува на реконструкција да и се пристапи со подолготраен и етапен процес, кој ќе се спроведува на повеќе нивоа, во рамките на самиот СДСМ и меѓу владините коалициони партнери.
За да се разреши одреден директор првин ќе се согледаат резултатите на институцијата, односно претпријатието кое го раководел. Исто така, освен стручнот момент, ќе се согледува и политичкиот, односно ќе се мери колку придонел одредениот функционер во претседателската кампања за време на изборите.