„НА СРБИЈА И Е ПОТРЕБЕН ЗДРАВ И ВО ПОЛН КАПАЦИТЕТ“: Додик по телефонскиот разговор со Вучиќ
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2025 15:40
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес разговараше телефонски со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој, како што вели, му посака брзо закрепнување, „бидејќи на Србија ѝ е потребен здрав и во полн капацитет повеќе од кога било“.
Тој на социјалната мрежа X напиша дека Вучиќ го информирал дека се чувствува подобро и дека неговата здравствена состојба е добра.
- Разговарав телефонски со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ме информираше дека се чувствува подобро и дека неговата здравствена состојба е добра.
Стабилна и силна Србија е интерес на целиот српски народ, а претседателот Вучиќ е гарант за нејзиниот успех. Му посакав брзо закрепнување, бидејќи денес на Србија ѝ е потребен здрав и во полн капацитет повеќе од кога било - напиша Додик.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно се разболе во петокот попладне во Соединетите Американски Држави, поради што ја скрати посетата и се врати во Србија.
По враќањето во Белград, по прегледот на Военомедицинската академија, неговиот лекар Драган Динчиќ изјавил дека здравствената состојба на Вучиќ е стабилна и задоволителна, дека има проблем со крвниот притисок и дека во последните 10 години колку што го лекувал, во три наврати имал проблеми со висок крвен притисок, но никогаш како овој последен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција





