17 Декември, 2025
0.0419

На Србија и се заканува банкрот во 2015 година?

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2014 17:10

Добивај вести на Viber

Со најголем буџетски дефицит во Европа, во износ од 8 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), и јавен долг кој до крајот на годината ќе достигне фантастични 70 отсто од БДП, Србија жестоко чекори на патот кон банкрот, пишува српски „Курир“.

„Тоталниот финансиски крах и’ се заканува на Србија веќе на почетокот на следната година ако српската влада до октомври не ги спроведе најавените мерки за штедење, а пред се’ не ги намали платите, пензиите и државните субвенции“, вели во изјава за Курир Милојко Арсиќ, професор на белградскиот економски факултет.

Нема повеќе време - „Владата повеќе нема многу време, ниту пак слобода во изборот за мерките за спасување на буџетот од банкрот. Неопходно е до есен да преземе чекори во сите три правци на намалување на буџетскиот дефицит. Тоа подразбира намалување на платите и пензиите, како и на најголемите буџетски расходи, но и до намалување на субвенциите на државните претпријатија“, оценува Арсиќ.

Тој додал и дека државните дотации би требало целосно да се укинат во одредени дејности и системи како „Србијагас“, „Галеника“ и смедеревската железара, кои годишно ги чинат граѓаните повеќе од 100 милиони евра.

„Банкротот настапува кога инвеститорите ќе одбијат да и даваат позајмици на државата, а нам тоа може да ни се случи веќе во следната година, ако владата не го стори она што го најавува“, рекол професорот.

Дека на Србија, во која секој петти граѓанин е невработен, а бројот на пензионери го надминува бројот на вработени, и’ се заканува банкрот увиделе и Французите. Така, новинската агенција „Франс Прес“, во анализа објавена неколку днеови по посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ, потсетува дека буџетот на Белград, кој достигнува околу осум ммилијарди евра, е под силен товар од исплатата на пензиите за 1,7 милиони граѓани, и плати за повеќе од 700.000 вработени во јавниот секотр, како и дека има над 20 отсто работноспособни граѓани кои се невработени, а голем дел од вработените пак, едвај преживуваат со просечна плата од 350 евра. Тимоти Еш, главен аналитичар за пазари во развој, во „Стандард Банка“, за АФП изјавил дека очекувањата од новата српска влада се многу големи.

Казните на пазарот - „Ветуваа многу, имаат мандат за реформи и граѓаните од нив очекуваат резултати. Повеќе нема изговори. Ако не дејствуваат, пазарите ќе ги казнат бидејќи размерите на долговите се приближуваат на нивоа кои предизвикуваат загрижување за одржливост“, рекол Еш.

Во анализата се цитира министерот за економија на Србија, Душан Вујовиќ, дека српскиот буџет дополнително го оптоваруваат субвенциите од 600 милиони евра годишно за 161 јавно претпријатие, кои инаку би требало да бидат затворени уште пред 10 години, но и наведува дека премиерот Вучиќ укажал на подготвеност на владата да спроведе реформи, вклучувајќи и зголемување на даноците, нови резови во јавниот сектор и намалување на субвенциите.

Земја на пензионери - „Ако не го сториме тоа во следните 5-6 месеци, нема никогаш. Имаме повеќе пензионери отколку вработени, од кои пак повеќе од 50 отсто се во јавниот сектор“, рекол Вучиќ.

Јавниот долг – 70 отсто одо БДП - Никола Алтипармаков, член на Фискалниот совет, предвидува дека јавниот долг на Србија до крајот на годинава, би можел да надмине 70 отсто од БДП.

„Лажна е дилемата дали треба да ги намалиме платите и пензиите, и дали да спроведеме политика на штедење во јавните претпријатија. Немаме избор. Мораме да ги спроведеме сите три работи или ќе пропаднеме“, предупредил тој.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии