28 Март, 2024
0.0337

На Стево и на Блерим би им зготвила турлитава: Искрено интервју со Гордана Силјановска- Давкова

Објавено во: Стил 17 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Вели дека како жена, во условно речено машкиот свет се докажала уште пред да влезе во трката за Претседател. Професорката Гордана Силјановска-Давкова изминатов период е во фокусот на вниманието поради претседателската кампањата, но и поради други, неформални приказни интересни за јавноста. Во искреното интервју за Женски магазин таа открива зошто е вегетаријанец, со што ја освоил сопругот Благоја, кои совети од децата ѝ се најдрагоцени и вели дека од срце им се смее на шегите на нејзина сметка и лапсусите кои ѝ ги „ловат“ твитерџиите. 

* Верувате ли дека тоа сте жена во условно речено машки свет, ви е предност во трката за Претседател или е можеби пречка? 

- Како жена во, условно речено, машки свет сум се докажала уште многу пред оваа претседателска кампања. Затоа, ова и не ми е нешто сосема ново. Притоа, верувам дека не ја жртвувам женственоста за да станам „подобар маж од мажите“, бидејќи само така женската еманципација има смисла. Од друга страна, не играм на картата на „слаба и нежна жена“, како што ме обвинуваат противниците. Едноставно, во кампањата настапувам како целосна личност, со сите мои стекнати искуства и споени идентитети (на жена, мајка, сопруга, професорка, интелектуалка, пријателка, итн.), и се обидувам како таква да им се претставам на граѓаните. Засега сум навистина задоволна од приемот: можеби мојата ситна физичка појава и поинаквиот стил на обраќање воведува инаква димензија и различност од она што е досега видено. Впрочем, мнозина ми велат: вие, жените, во изминатиот период се покажавте многу похрабри од мажите, во некои критични моменти за земјата. 

* Ако застанете на чело на државата, што е она кое можете да им го ветите на жените? 

- Јас им се обраќам на сите граѓани, бидејќи сакам да бидам нивна заедничка претседателка, без оглед на сите разлики кои постојат меѓу нив, вклучувајќи ја и родовата. Најголемиот број проблеми со кои се соочува Македонија се однесува на секојдневието и на мажите и на жените, и на младите и на старите. 

Целото интервју со кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи