На Венецуела и фали тоалетна хартија
Објавено во: Свет 16 Мај, 2013 12:24
Венецуела се соочува со недостиг од тоалетна хартија, а претходно беше регистриран недостиг на млеко, масло, кафе и пченкарно брашно.
Обвинувајќи ги за недостигот политичките противници, социјалистичката Влада најви дека ќе увезе 50 милиони ролни тоалетна хартија, со цел да ги зголеми залихите.
Според економистите недостигот во Венецуела се должи на контролата на цените, чија цел е да ги направи најнеопходните производи достапни за најсиормашните слоеви од населението, како и поради владината контрола на странските валути.
- Проблемот со недостигот само ќе се продлабочува, како што се случуваше претходно во Советскиот сојуз, изјави професорот по економија на универзитетот „Џон Хопкинс“, Стив Ханке.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој беше избран од покојниот Уго Чавес да ја продолжи неговата „Боливарска револуција“, тврди дека антивладините сили, меѓу кои и приватниот сектор, го предизвикуваат недостигот со цел да се дестабилизира земјата.
Голем број од фабриките работат со половина капацитет, бидејќи монетарната контрола го отежнува плаќањето на увезените материјали.
Чавес ја воведе монетарната контрола пред една деценија, со цел да го спречи истекување на капиталот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




