20 Мај, 2024
0.0249

На Заев му е доделен година и пол стар владин „пасат“

Објавено во: Економија 04 Март, 2020

Добивај вести на Viber


На Зоран Заев како претседател на Владата на РСМ на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „фолксваген пасат лимузина“ произведено во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година. 

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, претседателот на СДСМ има право да го користи овој автомобил дури и доколку не биде повторно премиер, односно во вкупно траење од две и пол години, колку што до сега бил шеф на Владата.

„Заев синоќа иако не е премиер, повторно ги злоупотреби државните ресурси и на дуелот се појави со државно обезбедување, возила и советници кои не му следуваат како претседател на СДСМ и за кои не постои никаква основа да ги користи“, гласеше коментарот на опозициското ВМРО-ДПМНЕ по ТВ-дуелот помеѓу лидерот на СДСМ и претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во петокот.

Сепак, ваква „привилегија“ Службата за општи и заеднички работи на Владата  им овозможила и на претходните премиери - Никола Груевски и Емил Димитриев со измените на Законот за Влада во 2016. Од тогаш на претседателот на Владата на кој му престанала функцијата, покрај правото да користи владино возило и службен возач онолку време колку што бил претходно премиер, има право и на лично обезбедување од шест лица вработени во МВР. по свој избор. 

Претходната Влада на седницата одржана на 31 мај 2017 пред самото нејзино заминување на Груевски му додели фолксваген пасат 3ц произведен во 2015 година. Новата Влада на 19 октомври 2017 година му додели на Димитриев исто така службено возило марка пасат од 2015-та. Рокот за користење кај Груевски е околу десетина години, коку што претходно беше на чело на „Илинденска“, додека времето на Димитриев е една година, односно колку што е минимално пропишаното. На оваа привилегија право ќе има и Оливер Спасовски, актуелниот технички премиер.

Според договорот кој го постигна СОЗР со економскиот оператор во јули 2018, Владата направи оперативен лизинг (деловен закуп) за 45 нови моторни возила со времетраење од 36 месеци. Владините функционери ќе може да ги користат автомобилите додека не поминат 120.000 километри.  Сите понудени возила се од марката Volkswagen Passat Comfortline 2.0 TDI.

Месечниот лизинг за едно возило изнесува 67.538 денари со пресметан данок. Вкупната вредност на договорот е 109 милиони денари. Операторот ќе треба редовно да ги сервисира, регистрира, осигурува, транспортира и да ги обезбедува сите потребни документи и делови.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра