15 Декември, 2025
0.0274

НАД 200 ЛУЃЕ УАПСЕНИ ВО ПАРИЗ - Изгласаната доверба во владата на Макрон поттикна нови протести (Видео)

Објавено во: Свет 21 Март, 2023 10:06

Добивај вести на Viber

По синоќешните демонстрации во Париз против реформата на пензискиот систем, уапсени се 234 лица.

На улиците на Париз биле распоредени 2.000 полицајци, а за време на немирите биле повредени 11 полицајци и жандарми, јавува француската телевизија BFMTV.

Пожарникарите во Париз гаснеа 240 запалени купишта ѓубре, кои останаа на улиците на главниот град на Франција поради штрајкот на комуналните работници, пренесува Танјуг.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се лути поради неговата нова пензиска реформа. Снимките објавени на интернет покажуваат дека полицијата пука со солзавец и ги удира демонстрантите со палки за време на демонстрациите во близина на Плоштадот Вобан во Париз.

Немирите доаѓаат откако владата на Макрон „тесно“ преживеа две гласања за недоверба на пратениците од опозицијата, огорчени што претседателот Емануел Макрон искористи специјална уставна моќ за да ги спроведе непопуларните пензиски реформи без гласање во парламентот.


Усвојувањето на реформата предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

На денот кога на дневен ред на парламентот беше гласањето, во Париз се одржаа нови протести на кои во судирите со полицијата беа уапсени 101 лице.

Додека демонстрантите и полицијата се тепаа на улиците на главниот град на Франција, 278 пратеници кренаа раце во парламентот за да ја сменат владата, но за да помине предлогот беа потребни 287 гласа.

Откако гласањата за доверба во владата на Макрон пропаднаа, контроверзниот предлог за реформа на старосната граница за пензионирање ќе стане закон.

Се гласаше за доверба откако премиерката Елизабет Борн искористи специјално уставно овластување - член 49:3, за да го протурка законот без декларација на пратениците во парламентот.

Одлуката предизвика бројни протести низ Франција минатиот викенд, при што некои демонстранти се судрија со полицијата, блокираа улици и запалија автомобили.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса