Над 2000 мигранти повлечени од Идомени
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2016
Над 2000 мигранти и бегалци се повлечени од кампот Идомени на македонско-грчката граница.
Процесот на нивно евакуирање ќе продолжи и денеска. Повлечени се 662 Сиријци, 1,273 Курди и 96 Јазиди. Од полицијата булдожери се донесени за уривање на шатори.
Продолжува акцијата на грчката полиција за расчистување на нелегалниот бегалски камп каде над 10.000 лица повеќе месеци чекаат повторно да биде отворена западно-балканската рута, за да го продолжат патот кон Европа. Во вчерашниот прв ден од полициската операција од Идомени се евакуирани 2.000 лица, соопштија синоќа грчките власти и информираа дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови.
Полицијата соопшти дека 42 автобуси со повеќе од 2.000 бегалци и мигранти заминале кон разни сместувачки центри во Солун и околината. Во Идомени ќе остане силно полициско обезбедување за време на евакуацијата, се додека кампот не биде целосно испразнет.