Над 27.000 протести имало во Грција за 4 години
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2016
Вкупно 27.103 протести имало во Грција за 4 години.
Најмногу протести имало во 2013 година и тоа 6 231 демонстрации во главниот град. Во Атина се одржаа 27. 103 протести и митинг во периодот меѓу 2011 и 2015 година, покажуваат податоците на грчката полиција, која распоредила вкупно 702 443 свои вработени за време на овие демонстрации, пишува весникот "Катимерини", цитиран од "Фокус".
Не секоја манифестација на незадоволство била поддржана од голем број граѓани. Бројот на протестите со присуство на над 1 000 лица во 2012 година е 61, а во 2013 година имало 72 такви протести.