19 Декември, 2025
0.0434

Над 700 денари дивиденда за акција! Која е банката?

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ две години наназад го применува јавно прокламираниот принцип да додели 70 проценти добивка во дивиденда. На 30 дена пред објавата на предлогот „Фактор“ ексклузивно објавува дека, доколку се примени истиот принцип, дивидендата за секоја акција може да биде 715 денари за акција со оглед на тоа дека нето добивката по акција (EPS) е веќе објавена и изнесува 1.022 денари! И за ова има поддршка од големите акционери

„Комерцијална банка“ најдоцна за триесетина дена ќе објави предлог одлука за висината на дивидендата што ќе ја подели на своите акционери. Оваа компанија веќе објави дека најдоцна до 3 март ќе го објави датумот за годишно собрание (најмногу еден месец по тоа н.з.) и меѓу другото ќе ја објави предлог одлуката за дивиденда на своите акционери.

Според корпоративното правило кое и досега го применува „Комерцијална банка“ доделува до 70 отсто од нето добивката во дивиденда за своите акционери. Така беше лани со дивидендата за добивката од 2020 година, а така беше и со распределбата на добивката за 2019 година. Секако тоа е условено од „скринингот“ на централната банка која е законски овластена да го провери финансиското здравје на секоја банка. За тоа постои утврдениот сет од критериуми со кои се проверува финансиското здравје на банката и од кои зависи дали и колку пари од добивката банката ќе може да намени за своите акционери, а дали ќе треба и колку ќе треба да чува за да ја зајакне својата капитална позиција.

Корпоративно правило на оваа домашна деловна банка, јавно декларирано, е дека од нето добивката издвојува од 40 до 70 отсто за дивиденда на своите акционери. Истиот принцип на работа „Комерцијална банка“ го има и за работењето оваа година. До 70 отсто од добивката може да се намени за исплата на дивиденда. Тоа значи дека ако банката и годинава успее да го одржи своето пазарно учество и да има приближно исто ниво на профитабилност во услови на стабилно работење може да се очекува солиден дивиденден принос. Токму предвидливоста на приносите од вложувањата и континуитет во исплата на дивиденда се клучни индикатори за институционалните инвеститори. Ако тие продолжат да ја перцепираат оваа акција како „бест бај“ тогаш и нејзината пазарна цена ќе се одржува на ова солидно ниво.Документот е достапен на следниот линк SEI Net V2 (на страница бр.11 н.з.)

Што покажува математиката, колкава може да биде дивидендата?

Во 2020 година „Комерцијална банка“ исплатила 550 денари дивиденда, од добивката во 2019 година. Тоа претставува 68,6 отсто од нето добивката по акција (EPS), покажуваат официјалните податоци достапни на веб страницата на Македонската берза. Лани оваа банка на своите акционери, за добивката во 2020 година, им исплати 600 денари дивиденда што претставува 70 отсто од нето добивката по акција (EPS).

За работењето во 2021 година нето добивката по акција (EPS) изнесува 1.022 денари. Доколку се примени принципот што и досега го применува „Комерцијална банка“, секако ако се е одобрено од централната банка, односно ако дивиденда е 70 отсто од нето добивката по акција во тој случај може да се очекува дека предлог одлуката ќе содржи дивиденда од околу 715 денари за акција.

Дали ќе биде така? Ќе знаеме најдоцна за 30 дена...

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии