Надворешно-трговската размена до април 3,4 милијарди долари
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2013 15:22
Надворешно-трговската размена во првите четири месеци од годинава изнесува 3.406.495.000 долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април годинава изнесува 1.309.912.000 долари, а на увозот 2.096.583.000 долари.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,5 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април, изнесува 786.671.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Во периодот јануари-април годинава, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27, со 71 процент, и земјите од Западен Балкан со 19,5 проценти. И во увозот на стоки најголемо е учеството на членките на ЕУ, 57,2 проценти, и останати - земји со 12,6 проценти. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со тие пет држави се врши 48,8 проценти од вкупната надворешно-трговска размена
Можеби ќе ве интересира
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




