Нафтата поевтина поради растот на резервите во САД
Објавено во: Свет 11 Април, 2013 10:49
Цената на нафтата денеска забележа пад поради загриженоста околу побарувачката во САД, откако тамошните податоци укажуваа на растот на резервите на енергенсот, наведуваат аналитичарите.
Нафтата за терминална испорака во мај во електронското тргување на Њујоршката берза поевтини за 23 центи на 94,41 долар за барел.
Европскиот „брент“, кој се користи за одредување на цените на различни типови странска нафта, се намали за 22 центи на 105,57 долари за барел.
- Цените се нешто пониски имајќи предвид дека трговците сфатиле дека резервите се речиси на рекордно ниво, изјави аналитичарот на фирмата Фет Профестс од Сиднеј, Дејвид Ленокс.
Податоците во САД покажаа дека резервите во таа земја се зголемиле за 250 илјади барели во период од една недела заклучно со 5 април, така што вкупните резерви сега изнесуваат 388,9 милиони барели, нешто под рекордните 391,9 милиони, забележани во јули 1990 година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




