19 Декември, 2025
0.6718

Нафтата поскапе со над 4 отсто во минатата недела

Објавено во: Економија 25 Април, 2016 10:31

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата се зголемија и во петокот, означувајќи ја третата последователна недела на раст додека загриженоста за глобалната презаситеност бледнее, зајакнувајќи ги ставовите на инвеститорите.

На лондонската берза цените на на европскиот репер „Брент“ за испорака во мај се зголемија во петокот со 1,35% до 45,13 долари за барел. Неделното зголемување на цената изнесува 4,71%. Цената на Брентот е со 45% над вредноста од 11 февруари, кога за кратко падна под 30 долари за барел.

На њујоршката берза „New York Mercantile Exchange“ (Nymex) американската лесна сурова нафта „WTI“ за испорака во мај поскапе со 1,27% во петокот и ја испрати неделата на ниво од 43,73 долари за барел. Неделниот раст е од цели 10,68 отсто.

Прекините на снабдувањето поради штрајк на вработените од нефтодобивни и преработка компании во Кувајт во почетокот на неделата го поддржа растот на цената по крајот на неуспешните преговори во Доха изминатиот викенд меѓу најголемите производители на суровини.

Цените беа поддржани и во средината на неделава, откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во четвртокот рече дека очекува на пазарот на нафта да се врати балансот следната година, под услов дека нема голем економски пад.

Светскиот вишок ќе се намали до 200 000 барели на ден во текот на последните шест месеци од годината од 1,5 милиони барели на ден во првата половина, изјави агенцијата во анализата од четврток. Производството надвор од ОПЕК ќе се намали со најголем процент од 1992 година поради доцнењето на американскиот бум на нафта од шкрилци . Презаситеноста се ограничува и од Иран, кој го обновува извозот постепено заради сеуште постоечките финансиски пречки за продажба и покрај укинувањето на меѓународните санкции.

„Нема сомневање дека насоката е кон рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката“, изјавија од седиштето во Париз. „Постојат знаци дека долго очекуваниот пад на производството на лесни шкрилци на нафта во САД земаат замав“.

Исто така во четвртокот Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) официјално изјави дека ќе разговара за замрзнување на нивото на производство на нафта при следен состанок во јуни.

Пазарот на нафта ќе започне да се ребалансира до третиот квартал на оваа година и ќе се врати до 2017 година, иако најголемите светски производители не успеаја да стигнат до замрзнување на родот за време на состанокот во Доха. Тоа го коментира генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во Париз во четвртокот. „Со Доха или не, гледаме дека пазарот се менува“, рече Абдула ел-Бадри на нафтена средба во француската престолнина.

Но аналитичарите предупредуваат дека замрзнувањето на производството во близина на сегашните нивоа е малку веројатно да го намали глобалното производство.

Администрацијата за енергетски информации на САД (EIA) во средата објави дека резервите од сурова нафта се зголемиле помалку од очекуваното и продолжуваат да се на повисоки нивоа. Во неделата резервите се зголемиле за 2,08 милиони барели, а општите резерви достигнуваат 538,6 милиони барели. Инвеститорите сепак го прифаќаат и сегашниот обем за премногу голем.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?