Нафтата стигна до четиригодишен максимум, но какви се прогнозите?
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018
Минатата недела порасна цената на нафтата, и тоа е највисоко за период од четири години.
Поради американските санкции, се учекува да падне извозот на нафта од Иран.
Во Лондон барел нафта минатата недела поскапе за 1.4% и се тргуваше за 84,15 долари за барел.
Ова е највисоко ниво од 2014 година.
Oд август цените на нафтата скокнаа за 15 до 20%.
Дали и натаму ќе растат цените на нафтата ќе зависи од движењето на пазарот.