Нафтата живна, но пазарите уште ги тресе Брегзит
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2016 10:55
Нафтата се опорави во Азија, благодарение на „ловците“ на ниските цени, но пазарите и понатаму треперат од шокот поради британското „да“ за излез од ЕУ минатата недела.
Финансиските пазари се уште се опоравуваат од исходот од британскиот референдумот на кој е изгласан Брегзит, бидејќи инвеститорите продаваат ризичен имот и се вртат кон сигурни влогови после глобалната економска неизвесност.
Азиските берзи утрово продолжија да ги зголемуваат загубите, продолжувајќи ја новата голема распродажба на акции во Европа и Њујорк.
Американската „лесна“ нафта WTI, за испораки во август, зајакна во денешното тргување во Азија за 64 центи на 46,9 долари, а северноморската сурова нафта „брент“ исто така за август порасна за 60 центи на 47,76 долари за барел.
Цените на двата типа нафта на вчерашното затворање на тргувањето се заклучени во пад.
„Превирањата на финансиските пазари, поттикнати од референдумот во Обединетото Кралство, вршат притисок на цената на нафтата која изгледа ќе забележи месечна загуба во јуни“, оценува аналитичарот на компанијата IG Markets од Сингапур, Бернард Оу.
„Недостатокот на насоки кај властите на Велика Британија и изгледите за продолжување на битката за лидерска позиција ги нагризаа апетитите на инвеститорите, и тоа ќе потрае во текот на неделата“, рекол Оу .
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




