20 Декември, 2025
0.1027

Нафтена треска во Америка

Објавено во: Свет 26 Март, 2013 10:30

Добивај вести на Viber

Сад е зафатена од нова нафтена треска, благодарение на новите методи на експлоатација на нафта и природен гас од шкрилци. Како што малиот град во Северна Дакота стана “Саудиска Америка”, Секоја недела се појавуваат 12 нови милионери. Хидрауличното  кршење на шкрилци со мешавина од хемикалии и вода- “freking, ”во Тексас, Вајоминг, Монтана и Охајо е многу популарно, додека производството на нафта во САД за прв пат во 20 години, надмина седум милиони барели дневно. Америка е на пат да добие енергетска независност во следните пет години и да ја преземе водечката улога на Саудиска Арабија како најголем производител на нафта во светот во последните десет години. Благодарение на компаниите кои купуваат лиценци за експлоатација на минерали под земјата, која со генерации припаѓа на земјоделски семејства, овде секоја недела се појавуваат нови 12 милионери. Градовите Вилстон  и Стенли , на оддалеченост од околу 120 километри, се наоѓаат во епицентарот на оваа атракција. Колони од камиони се движат кон нафтените полиња  натоварени со ладна вода, хемикалии, песок и залиха на храна, а се враќаат натоварени со нафта. Техниката на хидраулично кршење на шкрилците овде се применува пет години, но во изминатите 18 месеци има земено неверојатен интензитет. -Не постои невработеност, економијата цвета и важен придонес даваме во тоа Америка да стане енергетски независна,” вели Арден Томпсон  еден од новопечените нафташки барони во Северна Дакота. Иако тој одбива да каже колку точно има заработено, тој признава дека станал мултимилионер. Просечен извор на нафта носи заработувачка од 50.000 до 100.000 долари месечно од лиценци за експлоатацијата на нафта. 9.000 нафтени извори има во моментов низ Северна Дакота,  а се очекува дека оваа година ќе никнат уште 2.300 нови.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја