20 Декември, 2025
0.0457

Нафтениот договор меѓу Русија и Саудиска Арабија ќе биде неуспешен?

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2016 17:08

Добивај вести на Viber

Гигантите во извозот на нафта Русија и Саудиска Арабија постигнаа договор вчера за замрзнувањето на нивоата на производство, за да се спротивстават на ниските цени на суровината додека останува и другрите земји производители исто така да се согласат. Договорот може да се оцени како првиот договор после 15 година меѓу земјите од ОПЕК и земји надвор од организацијата со цел поддршка на енергетскиот пазар.

Инвеститорите сепак не се импресионирани, бидејќи цените на американската лесна сурова нафта и на нафтата од типот „Брент“ се намалија откако вчера скокнаа поради надежите за намалување на производството односно замрнување на истото.

Затоа пазарот не ја гледа особено сериозно оваа зделка:

Понудата ќе продолжи да биде поголема од побарувачката

При пренаситеност на енергетскиот пазар замрзнување на понудата значи само многу помалку од намалување на производството, особено со оглед на тоа дека Саудиска Арабија и Русија имаат произведено рекордни количества нафта во јануари. Русија произведувала рекордни по распадот на Советскиот Сојуз од 10.88 милиони барели на ден во текот на минатиот месец, додека производството на Саудиска Арабија е во износ од рекордни 10,2 милиони барели.

Иран може да одбие да се вклучи

Западот неодамна ги повлече санкциите против земјата, која може да одбие да се вклучи во замрзнувањето на производството, бидејќи има желба да го зголеми производството за да ја поддржи економијата по години на ограничувања. Иран, кој не учествуваше во вчерашната средба, планираше да го зголеми производството со најмалку 500 000 барели на ден оваа година. Денес претставникот на Иран во ОПЕК изјави дека е „нелогично“ земјата да ја молат да го замрзне нивото на производството, информира Ројтерс. „Да се ​​моли Иран да го замрзне производството на нафта е нелогично ... кога на Иран му беа наметнати санкции, некои земји го кренаа нивното производство и предизвикаа пад на цената на нафтата ... како би можеле да очекуваат Иран да соработува сега и да им ја плати цената?“, изјавил Мехди Асали.

Русија може да лаже повторно

Русија, која не е дел од ОПЕК, нема особено добра приказна, кога станува збор за договори за производство. Во 90-тите години Русија не почитуваше сличен договор со ОПЕК, посочува Себастијан Марлие, уредник во „Economist Intelligence Unit“. Во 2001 година, кога беше последниот договор меѓу ОПЕК и земји надвор од организацијата, Саудиска Арабија ги убеди Мексико, Норвешка и Русија да се вклучуваат во ограничувањето на производството. Москва сепак така и не го исполни ветувањето и наместо тоа го зголеми извозот, информира Ројтерс.

ОПЕК веќе „мами“

Иако ОПЕК се залага за „тавани“ и таргети на производство, реалните производствени нивоа на нафтениот картел секогаш биле под прашање. „Секој кој дури си помислил дека ќе има разговори за намалување на производството, треба да знае дека нешто што треба да се знае за ОПЕК е дека организацијата мами. Тие се измамници во сè. Дури и ако се изјасниле за намалување на производството, никој не го сфатил тоа сериозно“, вели Денис Гартмант, основач и издавач на билтенот „The Gartman Letter“. Постои, исто така, теорија дека ОПЕК можеби веќе најавува поголемо производство од реалното. „Некои луѓе мислат дека Саудиска Арабија и компаниите прогласуваат повисоко ниво на производство и извоз, за ​​да може, кога одат на состанокот на ОПЕК, да кажат „А, да, ние го соголивме производството тука и тука“, изјавил за „CNBC“ аналитичарот во „UBS Wealth Management“ Вејн Гордон.

Зделката и онака нема да ја намали понудата за многу

ОПЕК постојано одбива да го намали производството, а најважната држава во организацијата - Саудиска Арабија, се придржува кон својата стратегија за ниски трошоци за производство, за да ги подложи на притисок играчите на пазарот кои имаат супериорни производствени трошоци. При замрзнување на производството цените на нафтата може да добијат импулс, што од своја страна може да им даде основи на производителите на шкрилци за обновување на производството, што пак, најверојатно ќе ги врати традиционалните производители во првобитната позиција.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба