10 Декември, 2025
0.0468

Нафтоводот Скопје - Солун доби лиценца за работа по повеќе од една деценија

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2023 12:56

Добивај вести на Viber

Нафтводот Скопје - Солун доби лиценца за работа и можност да биде употребен по повеќе од една деценија. По речиси една година разгледување на барањето, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја потврди оваа одлука, инаку веќе донесена на претходно подготвителна седница. Лиценцата е со важност од 35 години, односно од 2023 до 2058 година.

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје - Солун, како што стои во одлуката за издавање на лиценцата, ја доставувал потребната документација повеќекратно, се до 17 октомври. Било побарано и мислење од Министерството за транспорт и врски дали нафтоводот може да се стави во употреба, по што РКЕ на крајот одлучила позитивно. Во Вардакс сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Претходно директорот на „Нафтовод“, Есад Рахиќ, рече дека ќе има процедури и потреба од носење на одредени подзаконски акти и дека треба да се добијат сите дозволи навремено, како и да се утврди транспортната цена од македонска и грчка страна. Според очекувањата на Рахиќ, нафтоводот ќе работи повторно со полна динамика. Продуктоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно.

Според одлуката на РКЕ, пред отпочнување со комерцијална работа, Вардакс единствено треба да достави уште само доказ за заснован работен однос со вработени стручни лица.

„За вршење на енергетската дејност ќе се користи Продуктоводот Солун-Скопје со должина од 213,5 км и пречник од 16 инчи NPS со носивост за транспорт од 2,5 милиони тони годишно на дизел од отпремниот терминал ВАРДАКС-ТИК (отпремната терминална станица која се наоѓа во рамките на индустрискиот комплекс на Хеленик Петролеум во Солун) до приемниот терминал ВАРДАКС-ОИК (приемната терминална станица која се наоѓа во рамките на индустрискиот комплекс на ОКТА АД Скопје)“, пишува во одлуката за издавање на лиценца која треба да биде потврдена денес.

„Вардакс С.А., нашата подружница, која што е сопственик на нафтоводот, е подготвена веднаш да започне со работа со цел нафтоводот повторно да биде во употреба за транспорт на нафтени производи до Скопје. Сакаме да нагласиме дека нафтоводот е лиценциран за работа за транспорт на сурова нафта и нафтени производи“, гласеше првото соопштение на Хеленик Петролеум по доаѓањето на новата власт во 2017.
Прашањето за повторно отворање на нафтоводот Солун-Скопје се разговараше на трипартитната средба меѓу Грција, Македонија и САД за време на посетата на тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео во 2020.

Власта смета дека Македонија со снабдувањето со дизел преку овој нафтовод ќе добива еколошки чисто гориво, нема да има уништување на патиштата, квалитетот на нафтата којшто ќе се транспортира ќе биде со највисок квалитет, а потрошувачите во земјава ќе имаат поевтина и поквалитетна нафта.

Поводот за активирање на нафтоводот во кој сопственост има и државата е потребата да се обезбеди коридор за снабдување со рафинирана нафта за земјава и регионот. На тој начин ќе се обезбеди поеколошки транспорт и ќе се овозможи намалување на можноста за избегнување на царинските акцизи. 

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат