20 Декември, 2025
0.0387

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2024 07:51

Добивај вести на Viber

Веќе е речиси изгледно дека Таневски по повеќе од 30 години директорување заминува од „Македонијатурист“. А своите акции добро ќе ги наплати. Сега се наметнува наградното прашање каде Таневски ќе инвестира милиони евра од продажбата на акциите во најголемата хотелиерска компанија 

Доне Таневски, најдолговечниот директор и актуелен претседател на надзорниот одбор на „Македонијатурист“ завчера продаде околу третина од сите негови акции во најголемата хотелиерска компанија, дознава „Фактор“ од добро информирани извори. 

Кој е среќниот купувач на акциите ќе видиме во понеделник со новата ажурирана состојба на акционерската книга на таа компанија што ја објавува Централниот депозитар за хартии од вредност. Според нашите извори кои инсистираат да останат анонимни завчера во блок биле истргубани 30.741 акција со право на глас од „Македонијатурист“. 

Цената по која се истргувани е највисока досега од сите интензивни тргувања во последните три месеци. Цената по акција е 221 евро односно 13.597 денари. Топтан прометот изнесува 6,8 милиони евра односно 418 милиони денари. Најголем дел од акциите што биле истргувани ги продал токму Доне Таневски, а мало учество во тоа тргување имале негови блиски роднини. Цената на акцијата по која продал Доне Таневски е приказна за себе. Особено е болно како оваа состојба се толкува од перспективата на малите акционери – домашни физички лица. Затоа што тие на берза за своите акции не можат да добијат сега ниту 8.000 денари по акција додека Таневски наплаќа 13.597 денари. 

Но, тоа е друго прашање со кое треба да се позанимаваат институциите на системот и да се изјаснат за да нема простор за шпекулации. 

 Што ќе прави Доне Таневски со милионите евра наплатени од акциите на „Македонијатурист“? 

Одговорот на ова прашање вреди милион долари, кажано фигуративно. Односно ова е наградно прашање. Набљудувајќи ги трендовите на нашиот пазар на капитал односно на Македонската берза видливо е раздвижување на цените на најквалитетните акции и тоа во нагорна линија. Особено тука се издвојуваат акциите на „Алкалоид“, „Макпетрол“, „Комерцијална банка“ и на НЛБ Банка. Во секој случај е добра инвестиција вложување во акции кои го сочинуваат МБИ-10 затоа што имаат беспрекорна дивидендна хронологија, континуиран раст на пазарното учество и се во компаниите лидери во своите дејности.

Р.Ф.

foto freepik.com/claudiodiv

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба