Најбогатиот човек на светот мие чинии дома
Објавено во: Стил 05 Септември, 2018 16:30
Основачот на Amazon, Џеф Безос е најбогатиот човек во историјата и располага со богатство од 166 милијарди долари.Тој ги поседува и Washington Post и компанијата Blue Origin.
Интересно е како тој го поминува денот. Безос верува во квалитетниот сон, па секое утро со буди природно, без навивање на аларм.
Денот го започнува со здрав појадок со сопругата, Мекензи Безос.
Поради сопругата и нивните 4 деца никогаш не закажува состаноци во утринските часови, затоа што тој период од денот го поминува со семејството.
Со инвеститорите во Amazon се сеќава само еднаш на 6 месеци.
Безос има „правило две пици“, односно не собира група за која не би биле доволно две пици за да се најадат сите.
Овој ултра богат човек по вечерата сака да ги мие чиниите и во една прилика изјави дека ова го прави секси во очите на сопругата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





