17 Декември, 2025
0.0635

Најбогатиот саудиски принц низ Загреб вози велосипед, ќе ги посетел и другите земји во регионот?

Објавено во: Балкан 06 Август, 2014 12:33

Добивај вести на Viber

Најбогатиот Саудиец, „арапскиот Ворен Бафет“, внук на првиот саудиски крал, принцот Алвалид бин Тала бин Абдулазиз ал-Сауд, пристигнал во ненајавена посета на Загреб, во придружба на 30-тина свои соработници. Саудискиот принц-милијардер е на подолга турнеја низ Европа, до неодамна бил во Монте Карло, а во Хрватска застанал за да испита какви се можностите за инвестирање и во кои сектории. Меѓутоа, пристигнувањето во Загреб, а потоа и посетата на остатокот од Хрватска е релативно тајно, бидејќи принцот сакал и да се одмори - државните институции не биле известени за посетата, а слободното време тој го поминува возејќи велосипед низ градот со своите соработници. Додека целиот хрватски државен врв бил на одбележување на годишнината од акцијата Бура вчера, принцот се возел на велосипед низ центарот на главниот град без официјални церемонии. Принцот Алвалид во Хрватска пристигнал со својот Боинг 747 и отседнал во луксузниот хотел „Еспланада“, во претседателскиот апартман. Според најавите на хрватски „Јутарњи лист“, тој веројатно ќе ги посети и другите земји во регионот, но притоа не плаира никакви официјални состаноци. Повеќе за богатството и луксузниот живот на овој принц, прочитајте на следниот линк: Запознајте го саудискиот Ворен Бафет

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни