06 Декември, 2025
0.0291

Најбогатите луѓе во ОАЕ

Објавено во: Стил 07 Декември, 2013 21:30

Добивај вести на Viber

Обединетите арапски емирати вклучуваат седум емирати : Абу Даби , Аџман , Дубаи , Рас ал- Хајм , Ум ал- Квејл , Фуджеира и Шарџа . Државата граничи со Оман , Катар и Саудиска Арабија . ОАЕ има висок приход по глава на жител , трговски суфицит и отворена економија . Видете кои се петмината најбогати во ОАЕ : 5 . Абдул Азиз Ал Гураир - 2,9 милијарди долари Роден е во 1954 година. Учел на California State Polytechnic University , оженет е и има 5 деца. Тој има 59 години и е раководител на Mashreq - водечка банка во ОАЕ . Банката е основана во 60-тите години од неговиот татко токму во период во кој земјата се развива бурно и се откриени големи наоѓалишта на нафта . Абдул поседува уште Arab Business Angels Network и околу 50% во најголемата рафинерија во Либија . 4 . Абдула бин Ахмад Ал Гураир - 3,1 милијарди долари Тој е третиот најбогат човек во ОАЕ и претседател на банката Mashreq Bank PSC . Банката е основана во 1967 година. Неа ја раководи семејството . Тој е и сопственик на конгломератот Al Ghurair Group secures . 3 . Махид Ал метри - 3,6 милијарди долари Голем дел од парите му се наследени , а останатите доаѓаат од бизнис секторот на трговијата и трговските имот. Ги основал Majid Al Futtaim Holdings во 1992 година. Компанијата развива дејност во 12 држави , има трговски центри во Северна Африка и Блискиот Исток . Таа има 3 подружници фирми кои поседуваат 11 хотелот и 16 трговски центри, управуваат 48 супермаркет Carrefour и 50 хипермаркети . Компанијата раководи со атракции како ски одморалиштето Ski Dubai , Magic Planet , VOX Cinema и iFly . Ал метри планира да го прошири бизнисот кон Каиро , а неодамна упати понуда за купување на синџирот Metro од Mansour Brothers за 200-300 милиони долари. 2 . Шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум - 18 милијарди долари Тој е премиер и потпретседател на ОАЕ . Има 23 деца. Сака скапи задоволства како јахтите и расните коњи . 1 . Шеик Халифа бин Зајед ал- Наиајан - 15-23 милијарди долари 65 -годишниот Шеик Калид ал - Нахајан е најбогат човек во ОАЕ , а исто така и претседател на Емиратите . Станува претседател по смртта на неговиот татко во 2004 година. Тој е и еден од најбогатите монарси во светот - контролира 97,8 милијарди барели нафта . Располага со огромна палата на Сејшелските Острови . Неговото семејство колективно располага со 150 милијарди долари .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: