10 Мај, 2024
0.0300

Најбогатите се сепак и најпаметни

Објавено во: Стил 05 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Обично се мисли дека две работи се битни за успех - напорна работа и среќа.  Сепак се поставува прашањето дали навистина најбогатите луѓе се и најпаметни и најинтелегентни. Но истражувачите од Фондацијата Џонатан Вел од Дјук Универзитетот дошле до одговор дека колку сте побогати толку сте попаметни, пишува Бизнис инсајдер. Според ова истражување милијардерите се најпаметни луѓе. 45% од нив  влегуваат во оние 1% најпаменти луѓе од САД. Тоа е одличен резултат со оглед на тоа што меѓу најпаментите луѓе 39% се оние кои не се милијардери (но затоа се милионери) и кои се наоѓаат на листата на Форчан 500 најплатени менаџери, потоа на листата има многу сенатори и федерални судии. Најпаметни се милијардерите кои се збогатиле на развој на технологија и инвестициски вложувања. Дури 63% од менаџерите од технолошката сфера, и 69% од финансиските области се меѓу најпаметните. Милијардерите од модниот сектор, сепак, не се многу бистри Информациите се црпени од колеџите кои ги постеувале милијардерите. Ако посетувале некој од 29 елитни колеџи, значи влегуваат во грипата 1% најпаметни. Таму се поминува само со вискои резултати од тестовите кои бараат многу висока интелегенција. Сепак, Бизнис инсајдер пишува дека ваквиот начин на мерење може да биде погрешен затоа што не ги вклучува луѓето кои не послетувале некој од елитните колеџи, а автоматски, апметни ги смета оние кои завршиле таму само затоа што имале богати родители или добиле спортска стипендија. Сепак ова истражување е чиста спротивност со она на Универзитетот во Охајо каде не беше најдена поврзаност меѓу паметот и богатството.